Audi лансира нов бренд кој се вика… AUDI? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi лансира нов бренд кој се вика… AUDI?

Audi во соработка со кинескиот гигант SAIC лансира нов бренд наменет само за кинескиот пазар – и брендот ќе се вика AUDI.

Новиот бренд се вика AUDI (за разлика од Audi) и нема да го користи добро-познатото лого со четири прстени. Audi се надева дека новиот бренд ќе им биде доволно познат и привлечен на локалните, кинески купувачи и во чест на лансирањето на новиот бренд го претстави концептот кој се вика AUDI E. Подзамижете и можеби ќе ви заличи малку и на легендарниот Audi Quattro.

Брендот AUDI се лансира во соработка со локалниот гигант SAIC, а од Audi кажуваат дека токму овој идентитет и оваа соработка овозможуваат комбинација на „препознатливата Audi ДНК и иновациите од Кина“. Прикажаниот концепт најавува три автомобили кои треба да пристигнат веќе од средината на следната година.

Концептот е поставен на целосно-нова платформа која се вика Advanced Digitized Platform и е развиена заеднички од Audi и SAIC. Платформата носи батериски модул со капацитет од 100 KWh кој пак овозможува автономија до 700 километри. Истовремено, благодарение на 800-волтната архитектура, достапно е и супер-брзо полнење кое овозможува дополнување на околу 370 километри за само 10 минути. Задолжени за задвижување на концепштот се два електромотори кои испорачуваат вкупно 775 коњски сили и 800 Nm вртежен момен и овозможуваат забрзување до 100 километри на час за само 3.6 секунди.

Како што напоменавме, брендот AUDI ќе биде достапен само на кинескиот пазар, но интересно е да се види како размислуваат големите брендови.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.