Вечерно кино: Koenigsegg, Hennessey и Rimac меѓусебно ги тестираат своите адути – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно кино: Koenigsegg, Hennessey и Rimac меѓусебно ги тестираат своите адути

Top Gear ги собра тројцата извршни директори на едно место со една цел: тестирање на меѓусебната конкуренција.

Трите возила кои се најдоа на тркачката патека Sonoma Raceway се Hennessy Venom F5 Revolution, Rimac Nevera и Koenigsegg Jesko Attack. Првиот тест возач беше John Hennessey кој возејќи го Jesko Attack спомнна дека возилото е „малку застрашувачко“. Mate Rimac потоа влезе во Venom F5 кој го нарече „чудовиште во картинг изведба.” Christian von Koenigsegg после возењето на Nevera беше прилично импресиониран. „Многу е убаво, предвидливо и лесно за возење“, рече тој со широка насмевка на лицето.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!