ПРЕМИЕРА: Škoda Kodiaq RS е огромен спортски семеен SUV со 265 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Škoda Kodiaq RS е огромен спортски семеен SUV со 265 коњски сили!

Škoda го претстави неизбежниот Kodiaq RS. Врвната изведба на големиот чешки SUV добива 280 коњски сили кои овомозжуваат спринт до „стотка“ за само 6.3 секунди!

Сакате голем, супер-практичен и брз SUV? Како и обично – Škoda го има она кое ви треба. Новиот Kodiaq RS добива 2-литарски TSI Evo турбо-бензинец кој испорачува одлични 265 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Силата ја испорачува кон сите четири тркала преку 7-брзински DSG менувач со двојна спојка, а сето тоа резултира со спринт до 100 километри на час за 6.3 секунди и максимални 231 километар на час!

Секако, Kodiaq RS добива и грст визуелни и технички надградби. Предниот дел добива редизајниран преден браник, црна предна маска и RS значка. Профилот го дополнуваат огромните 20-инчни тркала, додека на задниот дел забележуваме завршетоци на издувниот систем изработени од нерѓосувачки челик. Дополнително, црни детали добиваат браниците, маската, поклопците на ретровизорите, како и Д-столбот.

Kodiaq RS доаѓа со прогресивно управување и неколку различни режими на работа – Eco, Comfort, Normal, Sport, Individual, Snow и Off-Road. Дел од пакетот е и DCC Plus суспензијата со дури 15 различни нагодувања за адаптивните амортизери.

Кабината добива спортски седишта, RS значки на управувачот, педали од инокс и црни материјали со контрастни црвени шевови. Како и обичниот Kodiaq, и Kodiaq RS добива два 10-инчни екрани или пак комбинација од 10-инчен и 13-инчен екран. Во однос на опремата, ќе кажеме дека едноставно „нема што нема“.

Со оглед на популарноста на минатиот Kodiaq RS и воопшто популарноста на Kodiaq, очекуваме дека трендот ќе продолжи и дека и новиот голем спортски SUV лесно ќе ги најде своите фанови.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.