Rolls-Royce го изработи уникатниот Phantom Goldfinger – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Rolls-Royce го изработи уникатниот Phantom Goldfinger

Моделот прави омаж на филмот James Bond: Goldfinger од 1964 година и вклучува вистински златни парчиња во внатрешноста. 

На Rolls-Royce Bespoke им беа потребни дури три години за да го завршат овој проект. Цела година беше посветена исклучиво на сложениот цртеж на таблата во кабината кој всушност е контурна карта на преминот Фурка во Швајцарија.

На внатрешниот дел од покривот на автомобилот е рекреирано ноќното небо над преминот Фурка како што беше точно на 11 јули 1964 година, последниот ден од снимањето на филмот во Швајцарија.

Во автомобилот домнира темата на златото. Главниот амблем – духот на екстазата е позлатен. Звучниците и отворите за климатизација имаат позлатена завршница. Златната облога исто така ги краси предните и задните конзоли. Во багажникот пак, има позлатена палка за голф која личи на онаа што ја користеше негативецот Goldfinger. И за крај, во во внатрешната конзола има целосна златна шипка од 18-каратно злато.

Жолто-црната надворешност совршено се совпаѓа со специјалните тркала од 21 инчи на кои се монтирани лебдечките средишни капачиња. Регистарската табличка AU1 е обезбедена специјално за овој автомобил, и истата алудира на златниот симбол во периодниот систем на елементите.

„Да се ​​создаде Phantom Goldfinger беше едно од најголемите креативни патувања до сега“, рече Nick Rhodes, главниот дизајнер во Bespoke одделот на Rolls-Royce. „Елегантните карактеристики што се однесуваат на најнезаборавните моменти во филмот дoдаваат ново поглавје на веќе постоечката приказна“.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!