Mini претстави бензинска верзија на спортскиот John Cooper Works – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mini претстави бензинска верзија на спортскиот John Cooper Works

Само една недела откако ги видовме првите целосно електрични модели на John Cooper Works, Mini ја покажа варијнтата со 2-литарскиот бензински мотор.

Иако бензинецот „B48“ ги развива истите 231 коњски сили како својот претходник, тој сега располага со вртежен момент од 380 Nm (60 Nm повеќе од порано). На спорсткиот Mini му се потребни 6,1 секунди за да достигне 100 км/ч, додека неговата максимална брзина изнесува импресивни 250 км/ч.

Фактот што нема да им се допадне на многумина е дека мануелниот менувач повеќе нема да се нуди. Единствената опција ќе биде автоматскиот менувач со двојна спојка.

Mini ќе го продава хечбекот со 11 каросериски бои што може да се комбинираат со црвена или црна завршница за покривот и капаците на страничните ретровизори.

Кабриолетот ќе ја добие ексклузивната бакарно-сива боја со црна или сива графика на мекиот покрив. На покривот му се потребни 18 секунди за целосно спуштање при возење до 30 км/ч. Алтернативно, тврдиот покрив може да служи како подвижна покривка и да се лизга до 40 сантиметри.

Внатрешноста е исто така во голема мера пренесена од Cooper купето и кабриолетот во JCW ниво на опременост. Тука се приметливи црвено-црната тематика, предните густи седишта и стандардниот 9,4-инчниот OLED кружен дисплеј за инфозабавата.

Ако Mini го исполнат ветувањето дека нивните модели ќе бидат целосно електрични до крајот на деценијата, тогаш овие два автомобили се последните модели на JCW што ќе користат мотор со внатрешно согорување.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!