Alpine A110 R Ultime чини… Колку пари?! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alpine A110 R Ultime чини… Колку пари?!

За врвниот Alpine A110 R Ultime ќе треба да одвоите најмалку 265.000 Евра – а тоа се веќе навистина многу пари!

Францускиот бренд започнува нова, електрична ера и како своевиден последен поздрав кон новиот A110 го лансира A110 R Ultime. Ултимативниот A110 R добива надграден 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 350 коњски сили и 420 Nm вртежен момент – цели 50 коњски сили и 80 Nm повеќе од „обичниот“ A110 R. Дополнително, вградени се и нов, зајакнат менувач, титаниумски издувен систем од Akrapovic, моќни AP Racing сопирачки и Ohlins прилагодливи амортизери. Сето тоа резултира и со подобри перформанси – 100 километри на час пристигнуваат за 3.8 секунди.

Дел од пакетот е и ревидираниот аеро систем кој испорачува дополнителни 160 килограми потисна сила во однос на A110 R Turini. Силата се пренесува кон подлогата преку ковани тркала обвиени во Michelin PS2 Cup пневматици.

И сето тоа ќе Ве чини од 265.000 Евра, односно ако го сакате најексклузивниот Alpine A110 R Ultime La Bleue кој ќе биде произведен во само 15 примероци ќе треба да одвоите 330.000 Евра. Плус локалните давачки, секако.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.