Минатиот месец фабриката за акумулатори ТАБ МАК во Пробиштип беше домаќин на регионалните партнери од Словенија, Хрватска и Србија.
На 27-ми Септември годинава, фабриката за акумулатори ТАБ МАК од Пробиштип имаше чест да биде домаќин на претставници од ТАБ Словенија, ТАБ Хрватска и ТАБ Србија, како и нивните најважни соработници. На настанот присуствуваме и ние, како и уште неколку претставници од најпопуларните автомобилски медиуми во Македонија.
Поканетите гости имаа можност одблиску да ги погледнат производствените капацитети и процесот за изработка на батерии, а со овој потег се зајакнуваат позициите на ТАБ МАК како водечки производител на автомобилски и индустриски батерии во регионот. Во рамките на посетата имавме можност да дознаеме повеќе за историјата на компанијата, но и за најновите достигнувања и иновации и плановите за развој во иднина.
Средбата ја потврдува успешната соработка меѓу ТАБ друштвата од различни земји и посветеноста на ТАБ МАК да обезбеди врвни производи и услуги за своите клиенти. Имајќи шанса одблиску да погледнеме, имавме можност и самите да се увериме во квалитетот на процесите и продуктите, како и капацитетот за исполнување на највисоките стандарди.
Од ТАБ МАК гордо кажуваат дека остануваат посветени на својата мисија да обезбедат батерии од врвен квалитет и да придонесат кон развојот на автомобилската индустрија во регионот и пошироко.
Извор: PR ТАБ МАК