Најновата еволуција на хиперавтомобилот се одликува со нов водороден V6 погон кој произведува двојно поголема моќност од неговиот претходник со четири цилиндри.
Новата верзија на погонскиот агрегат е 3,5-литарскиот V6 со твин-турбо кој испорачува 740 коњски сили и 770 Nm вртежен момент. Моторот има четири брегасти вратила управувани со синџир, 4 вентили по цилиндар и работи исклучиво на водород. Горивото се складира во форма на гас, во три резервоари кои се под висок притисок а моќта се пренесува на задната оска преку шестстепениот секвенцијален Xtrac менувач.
Покрај новото водородно срце, Alpenglow HY6 има неколку стилски надоградби, кои придонесуваат за неговиот попрефинет надворешен изглед. Останатите промени во новата верзија се дополнителните доводи на хаубата, редизајнираната задна палуба и поконвенционалното задно крило.
Концептот долг 5,2 метри е планиран да се користи во трките на издржливост, но не е исклучена и опцијата за негово сериско производство.