Зимските пневматици на Continental се на првото место меѓу вкупно 12 различни пневматици според германскиот автомобилски клуб ADAC.
Освен ADAC, тестови на зимски пневматици објавија и австрискиот клуб ÖAMTC и швајцарскиот клуб TCS. Меѓу вкупно 12 различни тестирани модели на зимски пневматици, Continental WinterContact TS 870 имаа најдобри оцени. Беа тестирани во димензиите 205/55 R16, а беа тестирани на Volkswagen Golf. Според тестирањата, WinterContact TS 870 нудат одлични перформанси на сите површини, исклучителна безбедност благодарение на кратки растојанија на кочење, отпор кон аквапланирање и прецизно управување, како и врвна еколошка прифатливост.
Од ADAC истакнуваат дека „Continental WinterContact TS 870 е уверлив пневматик на сите површини и обезбедува јасно добар рејтинг за безбедност. Истовремено, на мокри патишта, TS 870 ги нуди најдобрите резултати. Добива добри резултати по сите критериуми, но и надпросечни резултати на мокри услови. Импресионира со растојанијата на кочење.“
WinterContact TS 870 е дизајниран за мали и средни автомобили, а и спортските автомобили можат да уживаат во врвни карактеристики за време на зимската сезона. TS 870 се произведува во димензии од 14 до 18 инчи, со страничен ѕид во однос од 40 до 70% и во ширина од 155 до 255 милиметри.
WinterContact TS 870 можете да ги најдете кај застапниците за Continental во Македонија – Мотоцентар. До крајот на месецов има и 10% Cashback во чест на нивниот 30-ти роденден.
Извор: PR Continental