По новиот Кец кој пристигна претходно оваа година, следува новата Серија 2 Gran Coupe.
Предниот дел на новата Серија 2 Gran Coupe ја отсликува новата Серија 1 (која ние веќе имавме можност да ја возиме пред само неколку седмици), со поширока форма на решетката, потенки фарови и поширок отвор за доводот на воздух. Страничниот профил покажува некои мали, но значајни промени. Тука е нова варијација на потписот на брендот во задниот столб, кој сега носи амблем „2“. Задниот дел има нови светла кои се под влијание на дизајнскиот јазик на најновите X2 и 1.
За разлика од Серијата 1, која се нуди во основното спортско ниво, Серијата 2 Gran Coupe започнува со пакетот M Sport, кој се карактеризира со тркала од 18 инчи, сјајни црни надворешни акценти, M Sport бодикит и заден спојлер.
Кабината е многу слична на новата Серија 1. Тука се екранот на допир од 10,7 инчи, дисплејот за возачот од 10,25 инчи, новиот волан со вградени физички копчиња и новата централна конзола. Инфозабавата се базира на новиот оперативен систем OS9 од BMW. Багажниот простор изнесува 430 литри, што е за 130 литри повеќе отколку што се добива во новата хибридна Серија 1.
Новата Серија 2 Gran Coupe доаѓа со повеќе погонски опции. Основниот дизел 118d е опремен со 150 коњски сили, 120d благиот хибрид со 163 коњски сили, хибридниот бензинец со 170 и спортскиот м235 со 300 коњски сили. Во сите варијанти се вградува автоматскиот 7-брзински менувач со двојна спојка.