На настан на кој беа поканети сегашните и идни сопственици, но и фановите на легендарниот теренец, Defender ја официјализираше својата соработка со една македонска легенда – Скопскиот Џез Фестивал.
Defender секогаш освојувал нови територии и бил директен пример за поврзување на претходно неповрзани локации и настани. Па тогаш, зошто да не го поврземе Defender со џез-музиката? Храбрите технолошки решенија некако одат рака под рака со храбрата, експериментална музика, нели?
Вчеравечер, кафе барот Филхармонија во Скопје беше домаќин на несекојдневен настан – под водството на Џијан Емин и New Jazz Messengers, гостите имаа можност да уживаат во прекрасна музика, но и одблиску да го погледнат Defender кој официјално станува ексклузивен спонзор на Скопскиот Џез Фестивал.
Секако, Скопскиот Џез Фестивал самиот по себе е македонска легенда која по 43-ти пат во Скопје ги повикува и ги обединува врвните светски џез музичари и изведувачи.
Па како што и самите организатори кажуваат – Defender ќе се пронајде меѓу своите, меѓу слободоумните трагачи по нови искуства.