Lamborghini не размислува за електричен суперавтомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lamborghini не размислува за електричен суперавтомобил

Техничкиот директор Rouven Mohr вели дека пазарот сè уште не е подготвен за целосно електричен Lamborghini.

Последниве неколку години автомобилската индустрија започна со целосно преминување кон електрични возила, но поради нивната слаба продажба, возилата во кои се вградуваат моторите со внатрешно согорување ќе продолжат да се нудат. Тоа претставува посебно одлична вест за љубителите на суперавтомобилите, во чија група секако спаѓа и мегапопуларниот италијански бренд Lamborghini.

По лансирањето на Reveuelto, Temerario и Urus SE, брендот сега нуди три хибриди, кои доаѓаат со многу моќни мотори. Овие хибридни системи станаа синоним за Lamborghini и истите ќе продолжат да се вградуваат во иднина. За време на неодамнешното интервју за Motor1, техничкиот директор Rouven Mohr, истакна дека сега не е вистинско време за електричен суперавтомобил.

„Јас сум многу среќен со нашата сегашна постава, бидејќи со хибридизиран состав можеме да влеземе во следната деценија. Но, исто така верувам дека Lamborghini треба да има транзиција, бидејќи прашање на време е кога ќе се промени начинот на размислување. Можете да бидете сигурни дека кога ќе го најавиме првото електрично Lamborghini, ќе бидеме многу внимателни во управувањето со атрибутите на брендот“, истакна тој. „Не размислуваме да донесеме уште еден стандарден електричен автомобил“.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!