ПРЕМИЕРА: Со C5 Aircross Concept, Citroën го најавува следниот семеен SUV – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Со C5 Aircross Concept, Citroën го најавува следниот семеен SUV

Новиот концепт со кој Citroen ја најавува следната генерација на C5 Aircross истовремено ги потврдува амбициите на брендот – да понуди ненадминат комфор и напредни, современи технологии.

Citroën ја продолжува SUV офанзивата со светската премиера на C5 Aircross Concept. Според Citroën, концептот е директна визија за следниот SUV од Ц-сегментот на францускиот бренд. C5 Aircross Concept ја истакнува динамичноста на брендот преку целосно обновување, но и можноста да понуди гама на возила директно калибрирана кон очекувањата во секој сегмент.

Секако, новиот Citroën C5 Aircross Concept е поставен врз STLA Medium платформата на Stellantis и е најавено дека серискиот автомобил ќе биде мулти-енергетско возило. Истовремено, дизајнот наметнува моќен став кој е полн со сила и карактер. Комплексниот, мускулест облик е дизајниран со аеродинамиката на прво место и дизајнерите работеле многу токму на овој аспект.

Концептот е долг 4.65 метри, односно 15 сантиметри повеќе од досегашниот C5. Од Citroen најавуваат дека повторно, фокусот ќе биде кон високо ниво на комфорт, што е и очекувано за францускиот бренд.

Во дизајнот лесно се препознаваат најновите естетски насоки на Citroën и веднаш се забележува семејната поврзаност меѓу новите модели. Секако, ова е само концепт и останува да видиме како сето ова ќе биде пренесено во сериски модел, но со оглед на храброста на Citroën во изминатите неколку години, очекуваме дека и серискиот модел ќе изгледа футуристички и несекојдневно.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.