ПРЕМИЕРА: Легендата се враќа, Renault го претстави 4 E-Tech – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Легендата се враќа, Renault го претстави 4 E-Tech

Легендарниот Renault 4 се враќа во форма на супер-ретро мал електричен кросовер!

Знаете колку примероци од оригиналниот Renault 4 се продадени? Повеќе од 8 милиони. Поточно, 8.135.424! Renault го лансираше 4 во 1961 и не постои друг начин да се опише освен – легенда! И верувале или не, на некои пазари Renault 4 се продаваше сè до 1994.

И веднаш се препознава дизајнот – дизајнерите навистина се потрудиле да евоцираат спомени на стариот автомобил, а сето тоа почнува со кружните предни светла и препознатливата предна маска. Формата е (да речеме) карактеристична за компактен кросовер, но повторно препознаваме форми и облици кои асоцираат на „Четворката“. Особено ни се допаѓаат задните светла кои преку модерна интерпретација ги пренесуваат старошколските троделни задни светла.

Новиот Renault 4 е долг 4.14 метри, широк 1.8 метри и висок 1.57 метри, па во моделската понуда на Renault ќе биде некаде меѓу Clio и Captur. Сите верзии добиваат 18-инчни тркала, а достапни се бои кои (повторно) се обидуваат да асоцираат кон легендарниот Renault 4.

Ентериерот е преземен од новиот Renault 5, а тоа значи врвни технологии за поврзување и асистенција, како и многу практични детали. Сепак, ни се допаѓаат и дизајнот на површините, како и материјалите со кои се обвиени.

Renault 4 ќе се нуди со две различни батерии – едната со капацитет од 40 kWh, другата со капацитет од 52 kWh. Од Renault најавуваат автономија од околу 400 километри со поголемата батерија, односно 300 километри со помалата. Полнењето е со максимална моќност од 150 kW, што пак значи полнење од 15 до 80% за околу половина час.

Продажбата ќе започне на почетокот на следната година.

Поврзано:  Официјално отворен новиот продажен центар на Dacia и Nissan


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.