ПРЕМИЕРА: Citroën ги претстави освежените C4 и C4 X – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Citroën ги претстави освежените C4 и C4 X

Со храбар – па дури би рекле и агресивен – нов лик, освежените C4 и C4 X воведуваат грст подобрувања и освежувања.

Новите C4 и C4 X и понатаму ќе нудат нешто несекојдневно во сегментот – врвен комфор и максимална опуштеност. Според Citroën, новиот C4 комбинира динамичност на купе со дискретни SUV елементи, додека C4 X и понатаму ја комбинира елеганцијата и флуидноста на фастбек со рафинираност на седан и ставот на SUV.

Новите предници се директно инспирирани од OLI концептот на Citroën и го воведуваат и новото лого на брендот. Тенките LED предни светла имаат препознатлив триделен светлосен потпис и веднаш се препознаваат како светла на Citroën. Според официјалните изјави, сите нови дизајнерски решенија се дизајнирани во соработка со експерти по аеродинамика за да се подобри ефикасноста. Пример за тоа е вертикалниот раб на предните светла кој го насочува движењето на воздухот.

Истовремено, предниот браник добива редизајнирана предна решетка и SUV-инспириран панел во долниот дел. Задниот дел на C4 е редизајниран за да се истакнат едноставноста и препознатливоста. Редизајнирани се задните светла, но и поврзувањето меѓу каросеријата и светлата, што пак влијае на подобрувањето на аеродинамиката. Задните светла се редизајнирани за да го имаат истиот визуелен ефект како и предните светла, но истовремено го прават задниот дел поширок и посамоуверен. Кај C4 X нема измени на задниот дел.

Кабината добива нов, 7-инчен панел за инструменти со висока резолуција, директно-поврзан со навигацискиот уред. Уредот добива нова графика која е комплементарна на 10-инчниот мултимедијален екран на централната конзола. Кабината добива и надграден хед-ап дисплеј. Важен новитет е новиот инфозабавен систем со 3D навигација кој вклучува и дигитален асистент цо ChatGPT интеграција.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: SM Tribute во чест на 10 години DS Automobiles

Во однос на моторите, C4 и C4X ќе бидат лансирани со Hybrid 136 и Hybrid 100 погоните кои беа лансирани оваа година. Дополнително, ќе бидат претставени и со два целосно-електрични погони со автономија до 355 и 415, односно 360 и 425 километри за e-C4 и е-C4 X, соодветно. Во зависност од пазарните потреби, ќе се нуди и 1.2-литарскиот PureTech турбо-бензинец кој испорачува 130 коњски сили. Овој мотор ќе се нуди само во комбинација со EAT8 автоматски менувач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.