Во салонот на Renault во рамките на Аутомотив Груп пристигна освежениот Captur.
Captur е супер-популарен модел на Renault, па освежувањето е внимателно и очекувано. Забележуваме нови фарови со целосна LED технологија и изменет браник, додека на задниот дел забележуваме дискретни естетски измени и нова графика на задните светлосни групи. Captur го добива и ажурираниот амблем на Renault и се нуди со 14 комбинации на бои, како и нови тркала кои се движат од 17 до 19 инчи.
Дигиталниот кокпит на фејслифтираниот Captur е надграден со 10.25-инчен панел за инструментите и нов 10.4-инчен мултимедијален систем со екран на допир кој работи на најновиот Android Automotive 12 софтвер на Google. Тука се и приклучоците USB-C, безжичното полнење, амбиенталното осветлување и опционалиот аудио систем Harman Kardon со девет звучници.
Лепезата на мотори вклучува турбо-бензинец, бензинец кој работи комбинирано и на LPG, благ хибрид и E-Tech full hybrid варијанта. Цените започнуваат од 20.750 Евра за Captur TCE 90 во Evolution ниво на опрема. Eco G варијантата која комбинира бензин и плин чини од 22.175 Евра. На самиот врв е Captur Esprit Alpine кој чини 29.131 Евро во Mild Hybrid варијанта со 160 коњски сили, односно 33.831 Евро за E-Tech Full Hybrid варијанта со 145 коњски сили.
Како и неговиот претходник, малиот теренец се произведува во фабриката на Renault во Ваљадолид во Шпанија.