Со постигнато време од 6 минути, 29 секунди и 9 стотинки, Mercedes-AMG One е најбрзиот автомобил во сериско производство, но истовремено е и првиот сериски автомобил кој успеа да направи круг на Nurburgring за помалку од 6 минути и 30 секунди.
Mercedes-AMG го постави првиот рекорд во Октомври 2022 и од тогаш немаше ривал. Односно, поточно – единствениот ривал на Mercedes-AMG One е токму Mercedes-AMG One. Со DTM возачот Maro Engel зад управувачот, Mercedes-AMG One постави официјално и потврдено време од 6:29.09 на Nurburgring – и со тоа го подобри сопственото време за повеќе од 5 секунди и стана првиот сериски автомобил кој успеал да заврти круг околу Nurburgring за помалку од 6 минути и 30 секунди.
Погледнете го видеото од Mercedes-AMG за подвигот, а потоа и снимката од возењето. Пуштете на што е можно поголем екран и уживајте!