Францускиот бренд ќе настапи во полно светло – покрај новите C3 и C3 Aircross, ќе ги претстави и освежените C4 и C4 X, но и концепт со кој најверојатно ќе го најави новиот C5 Aircross!
Citroën ќе го претстави целото портфолио на саемот на автомобили во Париз. Покрај новиот Citroën C3 (кој ние веќе го возевме на меѓународната презентација која се одржа пред неколку месеци во Виена) и новиот C3 Aircross, ќе ги претстави и освежените C4 и C4 X. Според најавите, новите модели ќе настапат со нов став и поедноставен, покохерентен дизајн кој го отсликува новиот идентитет на брендот. Кажуваат дека C4 ќе биде посмирен и стилски од било кога, а дека C4 X е просторен лаунџ простор во фастбек форма.
Истовремено, на саемот во Париз, Citroën ќе претстави и визија за иден модел во форма на „високо-експресивен концепт“. Францускиот бренд најавува дека концептот ќе биде „разнобоен и верен на новиот дизајнерски јазик на Citroën“ и дека „ќе покажува самодоверба и силно присуство“. Дизајнерите на Citroën гордо кажуваат дека оваа илустрација на иден модел ќе им биде привлечен на посетителите. Прашањето кое самото се поставува е кој всушност иден модел ќе го најави Citroën со овој концепт? Ние храбро ќе претпоставиме дека Citroën се подготвува да го претстави новиот C5 Aircross. Целата гама на Citroën е веќе целосно обновена и само C5 Aircross сè уште останува да биде заменет со нов модел.
Останува да бидеме трпеливи уште неколку седмици. Парискиот мотор шоу започнува на 20-ти Октомври.