Новиот електричен Porsche Macan официјално лансиран и во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот електричен Porsche Macan официјално лансиран и во Македонија!

Електричниот Porsche Macan на гала настан ја доживеа својата македонска премиера.

Настанот вклучуваше детална презентација во живо, овозможувајќи им на присутните да ја почувствуваат возбудата на новиот Macan.

Генералниот менаџер на Порше Македонија, г-дин Златко Муцунски, ја отвори вечерта зборувајќи за визијата на компанијата за иднината на електричната мобилност, нагласувајќи ја важноста на одржливоста без компромиси за перформансите.

„Живееме во време на трансформација, каде светот се движи кон поодржлива иднина. Во Porsche, ова не го гледаме како предизвик, туку како можност да ги поместиме границите на она што е можно. Нашата посветеност на иновациите, перформансите и одржливоста не доведе да создадеме возило што поставува нов стандард на пазарот на електрични SUV. Новиот Macan не е само уште еден електричен автомобил – тоа е Porsche. Вистински спортски автомобил во срцето, кое нуди возбудливото возачко искуство што го сакаат ентузијастите на Porsche, сега придвижувано од најновите достигнувања во електричната технологија.“ – Изјави Златко Муцунски, Генерален Менаџер на Порше Македонија.

„Електричниот Macan е Porsche, се чувствува како Porsche, се вози како Porsche. Електричната платформа не ја одзема суштината, туку ја подобрува и ја нагласува. Ние сме горди на тоа што претставува Macan – симбол на нашата посветеност за поместување на границите и создавање на иднина каде што електричната мобилност носи возбуда, ефикасност и непогрешливост. “ – изјави Винко Марашевиќ, Бренд Менаџер на Porsche.

Вечерта поттикна длабоки разговори помеѓу автомобилските ентузијасти, лидерите во индустријата и претставниците на медиумите, сите собрани да го прослават наелектризираниот напредок на Porsche.

Porsche смело и со сигурни чекори го продолжува своето патување кон електричната мобилност, носејќи повозбудливи модели на својата посветена база на фанови и клиенти.

Поврзано:  Porsche Клуб Македонија го прослави третиот роденден

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!