Skoda покажа блиндирана верзија на оригиналниот Kodiaq – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda покажа блиндирана верзија на оригиналниот Kodiaq

Семејниот Kodiaq доаѓа со модифицирана шасија, стакло отпорно на куршуми и гуми кои не испуштаат воздух.

Оклопниот специјален модел се базира на фејслифтираната прва генерација на Kodiaq наместо на новата генерација која дебитираше минатата година. Надворешните промени се ограничени на светлата на решетката, предниот браникот и задната врата, бидејќи целта на проектот била автомобилот да наликува што е можно повеќе на серискиот модел.


Во внатрешноста, 8-инчниот инфозабавен екран е трансформиран во „комуникациски центар“ со GPS и специјални контроли за светлата за итни случаи. Стаклото на Skoda Kodiaq Armored е отпорно на куршуми а извршени се и големи модификации на каросеријата со додавање на челичен оклоп.

Инженерите на Skoda ја надградија суспензијата и сопирачките, осигурувајќи дека сега потешкиот SUV ќе ја задржи возноста и агилноста на стандардната верзија. Сите четири тркала се опремени со посебен систем кој ја спречува гумата да излезе надвор од бандажот дури и кога е целосно издишана. Skoda вели дека модифицираниот Kodiaq нуди отпорност на куршуми и експлозии и е дизајниран да ги исполни барањата PAS 300 и PAS 301 на стандардите за цивилни оклопни возила.

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!