Најновата креација на Apocalypse Manufacturing е 6×6 конверзија на Land Rover Defender која развива 518 коњски сили и е целосно-подготвена за неизбежната зомби-апокалипса.
Промените се повеќе од едноставно додавање на дополнителен сет на тркала. Компанијата од Флорида го ревидираше поставувањето на суспензијата на Defender, овозможувајќи висината на возењето да се подигне и спушти за 20 сантимери со притискање на копче.
Возилото е опремено со 20-инчни тркала кои се обложени со огромни гуми од 38 инчи за кои се чини не постои несовладлив терен. За разлика од некои 6 х 6 конверзии каде погонот останува на четири тркала, кај Apocalypse 6×6 Defender сите тркала се погонски.
Направени се различни промени на каросеријата на Land Rover, меѓу кои мора да се спомнат новите браници, лизгачките плочи и страничните скали. На покривот се монтирани LED рефлектори заедно со кровниот багажник, додека позади се наоѓаат спортските шипки и резервното стандардно тркало.