Maxus eTerron 9 е кинески електричен пикап кој ќе се продава во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Maxus eTerron 9 е кинески електричен пикап кој ќе се продава во Европа

Првиот кинески електричен пикап што ќе се нуди во Европа доаѓа од брендот MAXUS, подбренд на SAIC, кој исто така е сопственик на MG. 

Во поглед на димензиите, пикапот се протега со должина до 5.5 метри, што го прави за 14 цм подолг од Ford Ranger и 17.5 цм од Toyota Hilux. Со помош на флексибилната средна врата, товарниот простор се проширува во кабината со притискање на копче и на тој начин возилото може лесно да носи предмети долги до 2.4 метри.

Надворешноста делува генерично, но кабината изненадува со двобојната кожа и дуплиот дисплеј. Во внатрешноста се присутни металните акценти, лебдечката централна конзола и впечатливиот волан со два краци.

Моќта ја обезбедува батеријата од 102 kWh, која обезбедува WLTP опсег на возење до 430 километри. Со помош на полнач од 115 kW, батеријата се полни од 20% до 80% за приближно 40 минути. Покрај тоа, возилото доаѓа со функција Vehicle to Load која и овозможува на батеријата да напојува повеќе приклучоци од 2,2 kW и 6,6 kW.

Пикапот доаѓа со двомоторен систем за погон на сите тркала кој произведува комбинирана моќност од 442 коњски сили. Иако за овој сегмент на возила не е толку важно,  eTerron 9 забрзува од 0-100 км/ч за респектибилни 5,8 секунди. Она што е поважно е дека неговата влечна сила изнесува 3.500 килограми а максимална носивост е 620 кг.

Европската продажби треба да започне во четвртиот квартал, па можеме да очекуваме да дознаеме нешто повеќе за eTerron 9 подоцна годинава.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!