Peugeot E-3008 и E-5008 добиваат Long Range изведба и поминуваат до 700 километри со едно полнење – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot E-3008 и E-5008 добиваат Long Range изведба и поминуваат до 700 километри со едно полнење

Новите Peugeot E-3008 и Е-5008 ќе можат да извозат од Париз до Ница со само две застанувања за дополнување на батериите.

Најновите WLTP тестирања потврдија дека E-3008 и E-5008 во Long Range варијанта сега се хомологирани за 700, односно 668 километри – и со тоа нудат најголем опсег во класата.

Long Range верзиите добиваат и нов, помоќен погон со 230 коњски сили кој овозможува максимална автономија до 700 километри за E-3008, односно 668 километри за E-5008. Новиот погон ќе биде достапен покрај досегашниот погон со 210 коњски сили. Автомобилите ќе добијат и нов систем за подготовка на батериите кои ќе овозможи подобри времиња на полнење.

Батерискиот модул е со капацитет од 96.9 kWh, а со оваа батерија француските SUV модели можат да се полнат со максимална моќност од 160 kW со доволно брз полнач, што пак овозможува полнење од 20 д0 80% за 27 минути, односно се добиваат дополнителни 150 километри со само 10 минути полнење.

Ние веќе имавме можност да го возиме новиот Е-3008 на неговото официјално претставување во Кан, на почетокот на оваа година. Неодамна го возевме и 3008 во хибридна изведба на наш, домашен терен.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.