На првиот Skopje Coffee Festival беше и автомобилот кој неизбежно го поврзуваме со кафе – Opel Mokka.
Секако, Mokka веќе добро ја познаваме. Кросоверот на Opel е хит ширум Европа, а редовно го гледаме и на нашите улици. Достапен е со неколку погонски опции, меѓу кои и целосно-електрична изведба која се покажа како привлечна за европските купувачи.
И убаво е ваквите настани да ги поврзуваме со нешто повеќе. Ние секако сакаме (и уживаме во) добро кафе, a ни се допаѓа и компактниот кросовер од Риселсхајм.
Со појавувањето на Оpel Mokka на овој фестивал, тимот на блицот во Македонија ја најави и својата најнова понуда. Mokka со „Elegance“ ниво на опрема и 1.2-литарски турбо-бензинец со 100 коњски сили и мануелен менувач може да се добие за 245 Евра месечно.
Моделот кој се понудува не е нималку наивно опремен, бидејќи доаѓа со Intelli-LED предни светла, rearview camera пакет (ултрасонични сензори за помош при паркирање позади и панорамска камера за паркирање 180°), електронска паркинг сопирачка, 17-инчни алуминиумски фелни и многу, многу повеќе.
Понудата е креирана во соработка со Шпаркасе Лизинг и отплатата е на 84 месечни рати. Последната рата изнесува 20% од вредноста на возилото, а секако за сите детали можете да се обратите до овластената дилерска мрежа на Опел, до увозникот „Еуроимпекс“ или да ја посетите opel.mk.