Lotus го објави концептот Theory 1 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lotus го објави концептот Theory 1

Theory 1 е електричен суперавтомобил со три седишта во стилот на McLaren F1 и импресивни 1,000 коњски сили.

Концептот со двоен мотор и погон на сите тркала забрзува од 0 до 100 км/ч за нешто помалку од 2,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 320 км/ч.

Од Lotus велат дека при разумно возење, батеријата од 70 kWh може да испорача опсег до 402 километри. Theory 1 се одликува со многу карбонски делови внатре и надвор кои помагаат да се достигне неговата релативно мала тежина од 1.600 кг.

Една од новостите која вреди да се спомне во овој концепт е Lotuswear. Тоа е систем на адаптивна роботика која е обложена со текстил. Технологијата, развиена заедно со Motorskins обезбедува хаптична повратна информација на возачот преку седиштето и воланот.

Втората технолошка новост во Theory 1 е користењето на управување по жица.  Lotus велат дека преку новиот начин на управување, возачите ќе имаат можност да го приспособат односот и чувството на воланот.

Бидејќи станува збор за концепт автомобил, Theroy 1 нема да влезе во производство. Сепак, сигурни сме дека неговиот дизајн и технологија ќе бидат имплементирани во некои од идните модели на Lotus.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!