Renault Estafette се враќа како концептуално карго возило – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Estafette се враќа како концептуално карго возило

Renault уште еднаш навлегува во минатото, именувајќи го своето ново електрично комбе по оригиналот од 1959 година.

Renault го покажа Estafette Concept на саемот IAA Transportation во Хановер, а неговото име беше објавено во последен момент. Истото е позајмено од легендарното комбе на Renault од минатиот век, додека неговото значење е изведено од италијанскиот збор staffetta, што во превод значи курир.

Неговата должина е слична со малиот Renault Kangoo, додека висината од 2.59 метри и товарниот простор од 7.1 кубни метри се повеќе споредливи со поголемиот Traffic. Пристапот до товарниот простор е достапен преку страничната лизгачка врата како и преку задната ролетна.

Во кабината има само едно седиште за возачот, додека контролната табла има повеќе екрани: седум инчен екран за возачот, 12-инчен инфозабавен екран и два екрани од 10 инчи за пренос на видеото од страничните камери. Голема е веројатноста дека целосно жолтата шема на внатрешноста ќе биде заменета со поразумна и издржлива црна пластична завршница кога возилото ќе влезе во производство.

Не се дадени детали за погонската единица на Estafette, па дури и дали конечниот сериски модел ќе изгледа како концептот. Сепак, со оглед на последните ретро-инспирирани дизајни на новиот 5 и претстојниот 4, можеме слободно да претпоставиме дека сериското возило ќе изгледа многу слично на овој концепт.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!