На трката во Бузет Игор Стефановски – Иџе го освои третото место – но тоа беше доволно за доминација во Групата 1 во која се натпреварува!
Заслужено горд на успехот, Иџе објави:
„Македонијо, ова е за тебе! Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1! Овој успех не е само мој, туку на цела држава. Благодарност до сите кои беа со мене низ овој пат, до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори и до сите вас кои ни давате безрезервна подршка во сето ова“.
Како што веќе знаеме, Иџе од годинава се натпреварува со неговото Ferrari 488 Challenge Evo. Срцето на овој тркачки автомобил е 3.9-литарски турбo V8 кој испорачува околу 700 коњски сили.
Овој тркачки автомобил достигнува 100 километри на час за помалку од 3 секунди, додека максималната брзина е повисока од 300 километри на час.