Fiat го паузира производството на електричниот 500е – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat го паузира производството на електричниот 500е

Поради намалена побарувачка во Европа, електричниот 500е нема да се произведува во следните четири седмици.

Покрај слабата продажба на стариот континент, 500е не успеа да се продаде во поголеми бројки ниту на американскиот пазар. Откако го понуди на пазарот годинава во САД, Fiat успеа да продаде само 204 примероци. Забавувањето на продажбата во Европа ја натера матичната компанија Stellantis да го паузира производството во фабриката во Торино за период од четири седмици.

Ова не е прв пат Stellantis да го прекине производството на 500e оваа година, паузирајќи го склопувањето на хечбекот од средината на Февруари до почетокот на Март пред уште едно прекинување од крајот на Април до почетокот на Август. Инаку, како одговор на бавната продажба на електричниот градски автомобил, Stellantis веќе подготвува хибридна верзија која ќе пристигне во Европа во периодот помеѓу 2025 и 2026 година.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!