Денес во свечена атмосфера беа отворени новите продажни салони на Dacia и Nissan, но и новиот сервисен центар за возилата на Renault, Nissan и Dacia.
Важен ден за автомобилската индустрија во Македонија – денес не само што беа отворени целосно-новите продажни салони за Dacia и Nissan, како и обновениот продажен салон на Renault на таканаречената „Импортерска Улица“, беше отворен и целосно-новиот, супер-модерен сервисен центар на Automotive Group лоциран во Визбегово.
На отворањето на новите салони на Dacia и Nissan имавме можност за прв пат да ги видиме целосно-новиот Dacia Duster и освежениот Nissan Juke. Новите салони се дизајнирани согласно високите стандарди на брендовите кои ги претставуваат и во пријатна и топла атмосфера можат да се погледнат најновите автомобили.
Истовремено, денес и официјално започна со работа новиот сервисно-административен центар на Аутомотив Груп. Центарот е изграден на површина од безмалку 5000 квадратни метри и се наоѓа на ул. Вангел Начевски бр. 40 во населбата Визбегово. Дел од новиот центар се автолакерски и лимарски сервис со две комори и преткомори по највисоките еколошки стандарди, како и 18 работни дигалки за сервисирање автомобили. Со отворањето на новиот центар, се отвораат и 50 нови работни места.
За потребите на центарот се употребени најсовремени топлински пумпи за загревање и ладење, а инсталирана е и фотоволтаична централа со максимална моќност од 180 kW.
На Аутомотив Груп им посакуваме многу успех во работата и многу, многу продадени автомобили.