ПРЕМИЕРА: SM Tribute во чест на 10 години DS Automobiles – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: SM Tribute во чест на 10 години DS Automobiles

Десет години DS Automobiles, десет години уметност и елеганција – и во таа чест, SM Tribute!

SM Tribute е направен во чест на 10 години од лансирањето на DS Automobiles, но уште поважно, оддава почит на едно интересно и важно поглавје во историјата на Citroen.

Ако се навратиме, Citroen SM беше развиен во 60-тите години и лансиран во 1970, како наследник на DS – моделот по кој сега е именуван брендот DS Automobiles. Тогашниот Citroen SM носеше V6 со потекло од Maserati кој во тоа време беше под капата на Citroen, а од DS сега кажуваат дека SM Tribute е „како моќниот V6 и хидро-пнеуматската суспензија да се развивале низ минатите пет декади“. Храбро!

Но сепак, мораме да признаеме дека врската меѓу оригиналниот Citroen SM и новиот SM Tribute е неизбежна. И новото купе има долга предница и остар преден дел, како и динамичен, луксузен профил и краток, отсечен заден дел. За жал, немаме никакви информации околу погонот, но вреди да се напомене дека Citroen, односно DS и Maserati се под закрила на Stellantis. Дали тоа значи дека има шанси доколку SM Tribute отиде во сериско производство да користи некаков V6 од Maserati? Па, ако сме искрени, би биле многу, многу, многу изненадени ако тоа се случи – но можеме да сонуваме.

Она што е многу поверојатно е дека SM Tribute во неговата сериска изведба ќе користи некаков електричен (или електрифициран) погон. DS веќе најави и потврди два нови модели кои ќе бидат лансирани следната година – еден SUV, како и висок седан (размислувајте во насока на Citroen C5 X, да речеме) кој ќе биде наследник на сегашниот DS 9. Да, на светот апсолутно му требаат уште SUV модели.

Поврзано:  Новиот Citroën C3 пристигна во Македонија!

Но навистина, ајде DS, бидете храбри и бидете фраери и понудете го SM Tribute во некакво, макар ограничено сериско производство!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.