Со новиот хибриден V8 мотор, ова е најмоќниот седан кој Bentley некогаш го направил.
Наместо легендардниот W12, моделот сега доаѓа со новиот 4-литарски V8 твин-турбо хибриден мотор со 782 коњски сили и вртежен момент до 1,000 Nm . Со таа моќност, автомобилот нема никаков проблем да изврши забрзување од 0 до 100 километри на час за 3.5 секунди.
Покрај бензинскиот V8, поставени се батерии со моќност од 25.9 kWh, со чија помош Flying Spur може да извози до 76 километри на струја. Во комбинирано возење, вкупниот опсег на на Flying Spur изнесува 829 километри – сосема доволно за еден луксузен гранд турер.
Новиот Active Chassis систем на Bentley доаѓа стандардно на Flying Spur. Тој ги комбинира адаптивната суспензија со управување на сите тркала, електронскиот контролиран диференцијал со ограничено пролизгување и нагодениот софтвер за контролирање на пролизгувањето.
Иако стаунва збор за сосема нова генерација, визуелните разлики помеѓу новиот Flying Spur и неговиот претходник се минимални. Заоблените фарови остануваат, но возилото сега добива уникатен дизајн на предната решетка, и освежен агресивен преден браник.
Внатрешноста добива голема технолошка надградба, благодарение на ажурираната електрична архитектура на Bentley. Забележуваме нова дигитална табла со инструменти и централен екран на допир кој работи безжично со Apple CarPlay и Android Auto. Дополнително, новата апликација My Bentley App Studio им овозможува на сопствениците да преземаат апликации за музика, игри, навигација и останато.
Возилото стандардно доаѓа со аудио систем со 10 звучници и 650W, а како Bang & Olufsen опции се нудат системите со 16 звучници и 1.500W и најмоќната варијанта со 19 звучници и 2.200W. Во другата крајност, ламинираното стакло на шофершајбната и страничните прозорци го прават новиот модел за девет децибели потивок од неговиот претходник.
Иако цените не се уште официјално објавени, новиот Bentley Flying Spur е планиран да започне со продажба кон крајот на оваа година.