Новиот Ford Mustang GT пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Ford Mustang GT пристигна во Македонија!

Новиот Ford Mustang GT има 5-литарски V8 кој испорачува 446 коњски сили и 540 Nm вртежен момент – и од денес може да се погледне во салонот на Гранд Ауто во Скопје!

Кога го лансираа новиот Mustang, од Ford гордо кажува дека ќе биде „најатлетскиот и уверлив Mustang досега“. Во превод, тоа значи дека 446 коњски сили од моќниот V8, односно и повеќе кај специјалните изведби.

Со големиот V8 соработуваат и низа други компоненти – дел од стандардната опрема се диференцијал со ограничено пролизгување, Brembo сопирачки, прилагодлив издувен систем, селектор на режими за возење, а достапни се и активна суспензија и грст други додатоци. Новиот Mustang може да се комбинира со 6-степен мануелен менувач или со 10-степен автоматски менувач.

Со мануелен менувач, забрзува до 100 километри на час за 5.4 секунди, додека со автоматскиот менувач се потребни рамно 5 секунди. Максималната брзина е 250 километри на час, а потрошувачката е… Апсолутно неважна.

Секако, многу внимание е посветено и на ентериерот на новиот Mustang. Повторно, од Ford кажуваат дека „ова е технолошки најнапредниот ентериер во било кој Mustang досега“. Пред возачот е поставен 12.4-инчен дигитален панел со интрументи, кој пак е споен со 13.4-инчен дигитален мултимедијален уред поставен на централната конзола.

Инфозабавниот систем ќе го користи најновиот SYNC 4 оперативен систем со целосно Android Auto и Apple CarPlay поврзување. Купувачите ќе добијат и безжично полнење на мобилен телефон, премиум аудио уред од Bang & Olufsen…

Новиот Mustang може да се погледне во салонот на Ford во рамките на Гранд Ауто во Скопје.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.