Спортска елеганција – новиот Skoda Superb добива Sportline пакет – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Спортска елеганција – новиот Skoda Superb добива Sportline пакет

Со претставувањето на Sportline варијантата, Skoda ја проширува моделската гама на новиот Superb.

Секако, ова не е првиот Sportline модел на Skoda, па знаеме што да очекуваме, но сепак признаваме дека токму оваа изведба на новиот Superb ни е најинтересна. Црните детали ја заокружуваат сликата за динамичен но достоинствен седан – тука е црната предна решетка, црните рамки на прозорците, црните капаци на страничните ретровизори, црниот заден дифузер и засебните елементи во предниот браник го истакнуваат динамичниот карактер кој Superb навистина може да го има.

Дополнително, Superb Sportline го добива Sunset пакетот кој вклучува затемнети задни стакла, а новите 19-инчни тркала ја заокружуваат приказната.

Спортското чувство продолжува и во кабината – Superb Sportline добива спортски предни седишта со интегрирани наслови за главите и електронско нагодување. Седиштата се обвиени во Suedia материјал и доаѓаат со системи за загревање и масажа. Доколку сакате, тука e Suite Sport Design Selection пакетот кој вклучува AGR-сертифицирани предни седишта обвиени во кожа или имитација на кожа, кои покрај загревањето и масажата добиваат и систем за вентилирање.

Секако, тука се и спортскиот управувач со црни опшивки и неколкуте Sportline ознаки во кабината.

Superb Sportline ќе може да се добие како седан или караван и да се комбинира со било која погонска опција – па Suberb Sportline ќе може да се комбинира со 1.5-литарскиот TSI со 150 коњски сили, 2-литарскиот TDI со 150 или 190 коњски сили, или пак 2-литарскиот TSI турбо-бензинец со 260 коњски сили.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.