Rimac ја претстави побрзата Nevera R – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Rimac ја претстави побрзата Nevera R

Верзијата на Nevera која е фокусирана за тркачките патеки е побрза, полесна и ограничена на само 40 парчиња.

Четирите електрични мотори развиваат 2107 коњски сили со чија помош хиперавтомобилот достигнува 300 км/час за само 8,66 секунди. Иако возилото сега доаѓа со помала батерија од 108 kWh (12 kWh помалку од претходно), моќноста се вади побрзо благодарејќи на новата генерација на технологијата што ја користи истата.

Лепливите гуми Michelin Pilot Sport 4S се заменети со Pilot Sport Cup 2 и истите се монтирани на 20-инчни предни и 21-инчни задни тркала. Максималната брзина е стандардно ограничена на 350 км/час, но ќе има опција да се отклучи до 412 км/час. Дополнително се надградени карбонските кочници и софтверот за насочување на вртежниот момент.

Визуелно ги приметуваме задното фиксно крило и новот дифузер со чија помош надолната сила е подобрена за 15 проценти, односно сега изнесува 400 кг при максималната брзина. Rimac исто така го замени целиот преден дел со поголема хауба на преклоп со што возилото доби поширок и понизок изглед.

„Кога ја развивме Nevera, знаевме дека треба да биде Grand Tourer. Но, ние немилосрдно ги прилагодуваме желбите на клиентите, а многумина бараа автомобил што навистина ќе ја нагласи способноста на Nevera во свиоци. Ние одговоривме со Nevera R: целата днк на Nevera што соборува рекорди, но полесна, побрза и пофокусирана“ изјави Mate Rimac.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!