ПРЕМИЕРА: Новиот Audi RS 3 има 400 коњски сили и достигнува скоро 300 километри на час! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот Audi RS 3 има 400 коњски сили и достигнува скоро 300 километри на час!

Од Audi кажуваат дека освеженито RS 3 е „гозба за сетилата“ – и со 400 коњски сили благодарение на 2.5-литарскиот пет-цилиндерски турбо-бензинец, немаме причина да се сомневаме во тоа!

Освежениот Audi RS 3 добива грст интересни новитети, но можеби најважната надградба е во сегментот на управувањето. Инженерите на Audi посветиле многу време на калибрацијата на системите за дистрибуција на вртежниот момент, системот за контрола на стабилноста и адаптивната суспензија.

Сето тоа придонесува директно кон намалаување (па и скоро целосно елиминирање) на подуправувањето. Од Audi кажуваат дека ова резултира со значително попрецизно влегување во свиоци и транзитирање од еден свиок во друг, што пак овозможува порано забрзување како и олеснето надуправување.

Секако, освежувањето не запира кај управувањето, туку добиваме и естетски корекции. Предната маска е изменета, додадени се нови отвори за воздух и понагласен преден сплитер. LED дневните светла имаат дури 24 елементи кои се распоредени во форма на тркачко знаме, а задниот дел добива нови задни светла, голем заден дифузер и нови завршетоци на издувниот систем.

Зголемена е и палетата на бои и додадени се и нови тркала. Кабината може да добие RS спортски кади, а добива и ново амбиентално осветлување и контрастни шевови.

А погонот? Под поклопецот и понатаму се крие 5-цилиндерскиот 2.5-литарски турбо-бензинец кој во Performance конфигурација испорачува 400 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон сите четири тркала, а резултат на сето тоа е катапултирање до 100 километри на час за 3.8 секунди, како и максимална брзина која достигнува 290 километри на час.

Може!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.