Chery веќе започна да го освојува европскиот пазар и веќе одлично го продава моделот Omoda 5, кај нас познат како Chery FX.
На европскиот пазар, кинескиот бренд веќе продаде 2553 примероци од Omoda 5 – моделот кој веќе се продава и кај нас под името Chery FX. Најголемиот број продадени примероци се во Шпанија, земјата каде Chery ја лансираше својата ЕУ-офанзива. Интересно, според аналитичарите од Dataforce, на шпанскиот пазар Chery успеа да продаде повеќе возила од брендови како Honda, Land Rover, Alfa Romeo и BYD.
Но Chery не застанува таму – Omoda брендот годинава ќе биде лансиран и во Италија, Обединетото Кралство и Полска, за понатаму да започне продажбата и во Холандија, Белгија, Шведска како и уште неколку источноевропски земји. Кинезите најавуваат и лајт-хибридна верзија на Chery FX, а веќе е претставена и целосно-електричната верзија која ќе добие батерија со капацитет од 61 kWh која ветува автономија од околу 430 километри.