Германската војна на коњските сили не покажува знаци на успорување – новиот BMW M5 Touring е семеен мега-караван со 727 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент!
Новиот M5 Touring е механички идентичен со обичниот М5 – ако германскиот супер-седан воопшто може да се нарече „обичен“. Под кожата на огромниот (и тежок) караван се крие 4.4-литарски твин-турбо V8 кој самиот испорачува 585 коњски сили и 750 Nm вртежен момент. Но – како што би кажале на телевизија – тоа не е сè!
Моќниот V8 соработува со електромотор кој испорачува дополнителни 197 коњски сили и 280 Nm, кој преку преносот всушност растат на импресивни 450 Nm вртежен момент. Вкупната, системска моќност е 727 коњски сили и огромни 1000 Nm вртежен момент.
Резултат на сето ова? 100 километри на час за 3.6 секунди, 200 километри на час за 11.1 секунда и максимални 250 километри на час, односно 305 километри на час доколку го нарачате M Driver’s Package. А да, може да помине до 60-тина километри на електрична енергија благодарение на батеријата со капацитет од 18.6 kWh. Истворемено, благодарение на батеријата и хибридниот погон, M5 Touring тежи 2475 килограми. Но затоа добивате багажник со капацитет од 500 па сè до 1630 литри – а тоа значи дека ќе имате повеќе од доволно простор за сè што ќе ви треба.
И всушност, сето ова резултира со моќен мега-караван кој нуди перформанси кои досега резервирани за караваните на производител кој редовно ја користи ознаката quattro. А тоа веќе значи нешто.