Полицијата во една населба во Лондон заплени повеќе од 60 супер-автомобили со вкупна вредност од над 7 милиони Евра. Според полицијата, скапите возила се запленети поради престапи направени или поврзани со овие возила.
Полицијата во Лондон си ја работи работата – по неколку пријави од страна на локалните граѓани уапсени се петмина и запленети се повеќе од 60 возила со вкупна вредност од над 6 милиони Фунти, односно 7 милиони Евра.
Меѓу другите, запленети се Ferrari Purosangue, Lamborghini Urus, Rolls-Royce Cullinan, Rolls-Royce Ghost, како и други возила од Bentley, McLaren, итн.
Акцијата на лондонската полиција траела од 2-ри па сè до 11-ти Август, а започнала откако повеќе резиденти на Westminster направиле поплаки за гласните спортски автомобили. Според поплаките, многу од возачите ги користеле улиците на Westminster како импровизирана тркачка патека, возеле со небезбедни брзини и пречеле со гласната бучава.
Како што веќе напоменавме, уапсени се петмина – и тоа за осигурителна измама, возење без сигурносен појас, возење без соодветна грижа и користење мобилен телефон зад управувачот.
Фотографии: Westminster City Council Press Office