BYD планира да се изедначи со европските производители во следните пет години – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BYD планира да се изедначи со европските производители во следните пет години

Кинескиот производител на автомобили има поставено цел за да стане водечка технолошка марка во автомобилската индустрија и да биде на исто рамниште со големите брендови во рок од половина деценија.

„За пет години од сега би сакале потрошувачите да го гледаат BYD како еден од европските брендови и да го поистоветуваат како Apple од автомобилската индустрија. Сакаме луѓето да се чувствуваат како да сме европска компанија и етаблиран производител овде“, изјави потпретседателката Stella Li за Auto Express.

BYD ќе го отвори своето ново седиште во Обединетото Кралство, со посебен инженерски кат кој ќе биде посветен за квалитетот на возење по тамошните патишта. Истото се случува и во Франција, Германија, Италија и Шпанија. „Кинеските потрошувачи имаат одредени барања и ние го развиваме автомобилот за нив, но британскиот потрошувач има различни потреби и тие се различни од францускиот потрошувач и различни од италијанскиот потрошувач“, продолжи Li.

Eвропската производствена и инженерска база за истражување и развој во Унгарија ќе започне со масовно производство на модели на BYD до крајот на 2025 година. „Ќе ги изградиме сите главни автомобили што ги продаваме во Европа, така што во тој момент BYD ќе стане навистина европски“, рече Stella Li.

Таа негираше дека заканата од тарифи на ЕУ за автомобили од кинеско производство е дел од одлуката за производството во Унгарија. „BYD е глобална компанија и нашата стратегија е да се локализираме во различните региони“ – изјави таа.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!