Што подготвува Rimac? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Што подготвува Rimac?

Rimac најавува нешто ново, кое ќе го претстави на Monterey Car Week. Но што точно најавуваат?

Одговорот е дека едноставно не знаеме. Можеби ќе биде некаква уште поекстремна верзија на Nevera, можеби ќе биде сосем нов автомобил. Она кое со сигурност можеме да го претпоставиме е дека ќе биде нешто ексклузивно, електрично и (најверојатно) многу многу моќно.

Од друга страна, се шират и гласини дека Rimac ќе го претстави својот прв хибрид – нешто што не е премногу веројатно, но не е ни целосно исклучено, со оглед на падот на популарноста и продажбата на електричните возила во изминативе неколку месеци. Останува да бидеме трпеливи уште само малку, па ќе дознаеме!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.