Nissan развива боја која ја рефлектира топлината – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan развива боја која ја рефлектира топлината

Целта на новата боја е да овозможи пониски температури, како на каросериската површина, така и во внатрешноста на автомобилот. 

За изработката на овој производ, Nissan се здружи со компанијата Radi-Cool, која исклучиво специјализира во производи за ладење. Иако ваквата боја не е нов концепт и таа веќе се користи со години на површината на зградите, тоа е обично густа боја која нема иста издржливост или сјај како автомобилската и истата се нанесува со валјак. Новата формула е дизајнирана за употреба со пиштол за боење и да функционира со проѕирни горни премази.

Во смесата има две микроструктурни компоненти кои придонесуваат за нејзината способност за ладење. Првата е дизајнирана да ги рефлектира блиските инфрацрвени зраци, додека втората создава електромагнетни бранови кои се спротиставуваат на сончевите зраци.

Nissan не ја објасни процедурата со која се создаваат електромагнетните бранови, но резултатите се прилично убедливи. Споредбите покажуваат пад на температурата за 12 степени целзиусови на надворешноста и 5 степени целзиусови во внатрешната на автомобилот.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!