Quattroporte Gran Finale е последниот V8 на Maserati – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Quattroporte Gran Finale е последниот V8 на Maserati

Последниот примерок на спортскиот седан со V8 погон и 580 коњски сили добива посебна сина боја, специфичен идентификациски број и неколку потписи од персоналот на италијанскиот производител.

Другите два автомобили (Ghibli и Levante) кои го користеа истиот мотор го завршија производството претходно годинава, додека останатите MC20, GranTurismo, GranCabrio и Grecale веќе користат мотори со четири цилиндри, а истите имаат и електрифицирани верзии.

Во внатрешноста на последниот Quattroporte ги забележуваме акцентите на воланот, панелите на вратите, црната кожа на главните столбови, гепекот и црните шевови. Понатаму, амблемот Grand Finale може да се види на централната конзола и праговите на вратите, со што се дава тежина на уникатноста на овој Quattroporte.

Покрај Grand Finale, Maserati го покажа и MC20 Iris. Се работи за високо персонализирана верзија на суперавтомобилот, изработена повторно од одделот Fuoriserie. Купувачот на покажаниот примерок ја избрал уникатната боја AI Aqua Rainbow која покрај на каросеријата, се нанесува на шевовите и кожните влошки во внатрешноста.

Еднократниот MC20 се одликува со веќе добро познатиот 3-литарски твин-турбо погонски V6 агрегат кој развива 630 коњски сили.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!