Продажбата на електрични автомобили во Германија падна за 37% – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Продажбата на електрични автомобили во Германија падна за 37%

Продажбата на електрични возила во Германија продолжува да паѓа, тренд кој започна кога германската влада ги укина субвенциите за ваквите автомобили.

Според официјални статистики, во јули се регистрирани 30.762 електрични возила – пад за цели 37% во однос на истиот месец минатата година. Ова е најголемиот пад на регистрациите на нови електрични возила од Декември минатата година, кога германската влада ги укина субвенциите за нови електрични возила. Интересно, продажбата на нови возила со конвенционални мотори е зголемена за 7%.

Анализите покажуваат дека богатите, еко-свесни купувачи веќе имаат електрични возила, а самиот факт дека индустријата во моментов не нуди евтини електрични возила, кај повеќето купувачи ја исклучува можноста за набавка на електрични возила. Според Constanin Gall, аналитичар во EY, резултатите за Германија покажуваат дека „забрзувањето на е-мобилноста засега се покажува како неодржлива, а пазарот го изгуби залетот во ист момент кога многу купувачи покажуваат сомнеж кон електричните автомобили.“

Трендот е сличен и низ неколку други европски земји. Во Шведска (која е европски ЕВ лидер) продажбата на нови електрични возила е падната за 15%, во Швајцарија за 19%.

Извор: Automotive News Europe



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.