Според извори кои се блиску до темата, кинескиот гигант Dongfeng Motor Group е во интензивни преговори со италијанската влада за изградба на фабрика во Италија.
Automotive News Europe пренесува дека преговорите се дел од обидот на Италија да привлече други производители покрај Stellantis. Како што знаеме, Stellantis е глобален гигант, а италијански брендови под капата на Stellantis се Fiat, Alfa Romeo и Maserati.+
Според плановите, владата на Италија би имала удел во инвестицијата која е стартувана од Dongfeng, која е замислена да биде центар за цела Европа. Потенцијалната зделка би вклучувала и други инвеститори, како на пример локални производители на компоненти.
Најавите не се официјални, секако, но Dongfeng планира годишно во Италија да произведува околу 100.000 хибридни автомобили, додека италијанската влада сака годишно во земјата да се произведуваат 1.3 милиони возила. Колку за да ги ставиме во контекст амбициите на Италија, минатата година во земјата биле произведени 800.000 возила.
Инаку, DongFeng не е непознат бренд на македонскиот пазар. ABC Brother веќе со години е застапник на кинескиот гигант, а ние веќе го возевме DFSK Forthing T5 Evo, DFSK Glory 580 и уште неколку други модели.
Извор: Automotive News Europe