Ексклузивно: Кинески производители тестираат електрични возила и во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ексклузивно: Кинески производители тестираат електрични возила и во Македонија!

Автомобилските производители ги тестираат своите возила насекаде – па и во Македонија – а ние уловивме нов, камуфлиран модел како ги полни батериите на брз полнач на влез во државата!

Во краткиот разговор со возачот, ни беше кажано дека камуфлираниот електричен SUV е модел на Chery – но тоа и не мора да биде така.  Дополнување: Се работи за Geely Galaxy E5. Камуфлираниот прототип беше регистриран во Полска, но повторно, тоа не мора ништо да значи.

Под камуфлажата се забележуваат детали кои се типични за еден современ SUV – од димензиите, па сè до едноделниот заден светлосен елемент. За жал, не можеме да бидеме целосно сигурни за кој модел точно со работи, но добро е да се види дека и Македонија е на мапата за тестирање на електрични автомобили.

Дополнување: Потврдивме дека се работи за Geely Galaxy E5, нов модел за кој Geely има глобални амбиции.

Електричниот SUV е долг 4.6 метри и е придвижуван од електромотор со моќност од 215 коњски сили и 320 Nm вртежен момент.

Сега за сега се предвидени две конфигурации – едната со батерија со капацитет од 49.5 kWh, другата со батерија со капаците од 60.2 kWh, кои нудат автономија до 440, односно 520 километри.

Благодариме Александар!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.