ПРЕМИЕРА: Ова е новата Pagani Utopia Roadster – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ова е новата Pagani Utopia Roadster

Скоро две години после објавувањето на оригиналната Utopia, Pagani ја покажа отворената Roadster варијанта.

Изработен во целосна карбонска каросерија, Utopia Roadster изгледа уште подобро без покрив. Моделот ги има истите дизајнерски елементи како и купето:  двојните фарови, отворената решетка, кружните задни светла и специфичните четири издувни цевки.

Roadster-от користи 21-инчни предни и 22-инчни задни тркала кои се обвиткани во Pirelli P Zero Corsa Cyber ​​гуми. Ова се новите гуми на Pirelli кои комуницираат со автомобилот, давајќи податоци за ABS, контролата на лизгање и контролата на влечење.

Utopia Roadster го има истиот 6-литарски V-12 мотор со двоен турбо полнач од купе изведбата. Тој испраќа 864 коњски сили и 1,100 Nm вртежен момент до задните тркала преку електро-механичкиот диференцијал. Купувачите можат да избираат помеѓу седум-брзинскиот мануелен или седум-брзинскиот автоматски менувач.

Внатрешноста не се разликува со онаа кај возилото со фиксен покрив. Карбонски парчиња, кожа и алуминиум има во изобиство. Воланот е направен од само едно парче метал, а за неговата машинска изработка се потребни 28 часа континуирана работа.

Pagani планираат да направат 130 примероци ширум светот, додека цената ќе изнесува скромни 3,1 милиони евра. Првиот Roadster ќе го има своето светско деби во живо на неделата на автомобили во Monterey во август годинава.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!