Manhart GER800 е Mercedes GLE Coupe со 800 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Manhart GER800 е Mercedes GLE Coupe со 800 коњски сили!

Германското студио Manhart детално го тјунираше веќе брзoto SUV купе на Mercedes AMG.

Тјунерот додаде широк бодикит со 23-инчни тркала, погласни издуви, спуштена суспензија и зголемување на моќноста на 4-литарскиот V8 кој сега испорачува 800 коњски сили 1000 Nm вртежен момент.

Надворешноста е значително изменета благодарејќи на карбонските делови кои ги изработија TopCar Design. Тука се вклучени широките продолжетоци на браниците, влошките за предниот и задниот браник, предниот спојлер и вентилираната хауба.

Внатрешноста исто така претрпе големи промени. Забележуваме многу жолти шевови кои контрираат со црната алкантара и кожниот тапацир. Амблемите на Менхарт може да се најдат на потпирачите за глава и патосниците, заедно со многуте карбонски додатоци.

Модификациите на Manhart за Mercedes-AMG GLE 63 S 4Matic+ Coupe сè уште не се достапни на онлајн продавницата, но очекуваме да се појават наскоро.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!