Dacia Sandero е најпродаван автомобил во Европа во првата половина од годинава – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dacia Sandero е најпродаван автомобил во Европа во првата половина од годинава

Според информации кои пристигнаа од JATO Dynamics, Sandero е најпродаван автомобил во првата половина од 2024.

Според податоците од JATO Dynamics, во првите шест месеци од годинава, Dacia испорачала 143.596 примероци од Sandero во Европа. Споредено со истиот период минатата година, тоа е импресивен раст од дури 16%. Со оваа продажба, Sandero го победи дури и Volkswagen Golf кој е продаден во 126.993 примероци.

Глобално, Dacia испорача вкупно 164.780 примероци од Sandero, скок од 18.5% во однос на првите шест месеци од минатата година. Нашиот тест на Dacia Sandero можете да го погледнете тука.

Во однос вкупната продажба по брендови, на прво место во Европа е Volkswagen со продадени неверојатни 706.265 возила, пред Toyota која е на второто место со продадени 482.275 возила. Тука Dacia е на деветтото место, пред брендови како Hyundai, Kia, Ford и Opel.

Извор: JATO Dynamics

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.