Porsche ја проширува понудата на Macan со новите RWD и 4S варијанти – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche ја проширува понудата на Macan со новите RWD и 4S варијанти

Porsche ја проширува понудата на Macan – нови во гамата се „основниот“ Macan со погон само на задните тркала, како и новиот Macan 4S. Покрај новите изведби, за сите варијанти сега е достапен и нов Off Road Design пакет.

Основниот Macan доаѓа само со еден електромотор, поставен на задната оска. Електромоторот испорачува 340 коњски сили, односно 360 коњски сили при Launch Control. Истовремено, електромоторот испорачува и моќни 543 Nm вртежен момент, а сето тоа е доволно за спринт до 100 километри на час за само 5.7 секунди, како и максимална брзина од 270 километри на час.

Со елиминирање на предниот електромотор, Macan е полесен цели 110 килограми од Macan 4 и благодарение на големата батерија со капацитет од 100 kWh, може да помине до 641 километар според WLTP.

Секако, тука е и новиот Macan 4S. Оваа изведба добива нов, помоќен електромотор и моќен инвертер. Вкупната, системска моќност на Macan 4S е одлични 448 коњски сили, односно 516 коњски сили при Launch Control, кога има на располагање и 820 Nm вртежен момент. Сето ова овозможува лансирање до 100 километри на час за 4.1 секунда, како и максимална брзина од 240 километри на час. Според WLTP мерењата, автономијата со полни батерии е до 606 километри.

Со лансирањето на новите модели, Porsche лансира и нова боја – Slate Gray Neo – како и нови 20-инчни тркала за Macan S. Интересен новитет е Off Road Design пакетот кој е достапен кај сите модели. Овој пакет вклучува изменет преден браник кој го зголемува аголот на пристап до 17.4 степени, а во комбинација со воздушната суспензија, растојанието од подлогата се зголемува за дополнителни 10 милиметри на вкупно 195 милиметри. Пакетот е достапен во две бои – Vesuvius Grey или во бојата на каросеријата.

Поврзано:  Дали новите Panamera Turbo S E-Hybrid и Panamera GTS се најдоброто од спортскиот седан на Porsche?

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.