Nissan го враќа Nismo во Европа со спортската Ariya – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan го враќа Nismo во Европа со спортската Ariya

Деталите за моделот со европските спецификации се ограничени, но голема е веројатноста дека тој ќе ги користи двете погонски единици од јапонската верзија.

Компанијата објави дека Nismo се враќа на стариот континент, овој пат преку спортската верзија на електичната Ariya. Јапонскиот производител не сподели премногу детали за спортскиот кросовер со евро-спецификации. Она што го знаеме е дека моделот ќе има црна внатрешност со зачинети црвени акценти, како и Nismo седишта кои потсетуваат на оние кај болидите на Formula E.

Ariya Nismo беше лансирана во Јапонија оваа година со две различни погонски единици. Почетниот модел доаѓа со батерии од 66 kWh, погон на сите тркала и двоен мотор кој произведува 367 коњски сили и 560 Nm вртежен момент. Клиентите можат да добијат и варијанта со батерија од 91 kWh, како и зголемена моќност до 435 коњски сили и 600 Nm вртежен момент.

Производителот потврди дека варијантата Nismo ќе се нуди во сите земји каде Ariya е моментално достапна. Покрај Ariya, од Nissan најавија уште еден (засега непознат) Nismo модел, кој ќе биде екслузивен за јапонскиот пазар.

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!